Услови за употреба на
веб-страницата istrazijamakedonija.com.mk

Во продолжение се правилата и условите под кои може да ги користите содржините на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА. Ве молиме, пред почетокот на користењето на сајтот да се запознаете со нив, со цел да се избегнат евентуалните идни недоразбирања и последици во врска со тоа.

Веб страница istrazijamakedonija.com.mk (во понатамошниот текст: ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА) е отворена во рамките на Кампањата за промоција на Македонија како туристичка дестинација на Владата на Република Македонија, а ја уредува АКВАРИУС дизајн (во понатамошниот текст АКВАРИУС дизајн или ние).

Со првата употреба на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА, ќе сметаме дека сте целосно запознаени со условите, дека ви се јасни и дека ги прифаќате. Ако не се согласувате со нив, ве молиме да не пристапувате на оваа страница и да не ги користите нејзините содржини. Доколку имате какви било прашања или нејаснотии во врска со овие услови за користење, ве молиме, да се обратите на нашето уредништво на e-адресата: urednik@istrazijamakedonija.com.mk

Изгледот и содржината на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА, како и условите за користење можно е поради определени причини да ги менуваме, па поради тоа, ве молиме, истите повремено да ги проучите за да бидете во тек со можните измени. Ќе сметаме дека вашето користење на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА претставува ваша согласност со сите евентуални промени.

КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА

Без оглед дали сте регистриран корисник или не, користењето на материјалите и содржината на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА е дозволено само за лична употреба.

НЕ Е ДОЗВОЛЕНО:

  1. Објавување, праќање, поставување и / или размена на содржини со кои се повредуваат важечките прописи на Република Македонија, вклучувајќи ги невистинитите, навредливи, заканувачки, прости, малтретирачки, вулгарни, расистички или други содржини кои поттикнуваат омраза од кој било вид, како и содржините со кои се врши повреда на туѓите авторски права и други права на интелектуална сопственост, неовластено откривање на информации што претставуваат деловна или друга тајна, лични податоци од трети лица или се повредува право на посебност на третo лице.

  2. Објавување, праќање, поставување и / или размена на содржини со кои се кршат правата на децата, правото на приватност на останатите корисници или трети лица преку сите содржини на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА, вклучувајќи ги и приватните пораки.

  3. Отворено или прикриено рекламирање на какви било комерцијални производи или услуги преку ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА, вклучувајќи ги и приватните пораки.

  4. Употреба на содржини и функции на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА на начин кој може да ни штета нам, на останатите корисници, на нашите партнери или на која било трета страна.

  5. Лажно претставување со цел закана, манипулација, измама или доведување во заблуда на нас, на останатите корисници, на нашите партнери или на која било трета страна, по пат на содржините на istrazijamakedonija.com.mk вклучувајќи ги и приватните пораки.

  6. Објавување, праќање, поставување или размена на несакани содржини на корисниците или на трети лица без нивна претходна согласност или барање, вклучувајќи и повеќекратно испраќање на материјал со иста или многу слична содржина (spamming), верижни писма, пирамидални шеми, итн.

  7. Какво било попречување или оневозможување на користењето на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА на други корисници.

  8. Свесно објавување, испраќање, поставување и / или споделување на содржини што содржат вируси, црви, компјутерски кодови, бази на податоци и програми кои можат да доведат до нарушување, ограничување на работата или уништување на било кој компјутерски софтвер или која било компјутерска или друга опрема.

  9. Неовластено собирање, складирање, пренесување и користење на какви било лични податоци на корисниците на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА.

  10. Користење на која било содржина или нејзин дел за комерцијални цели без претходна писмена дозвола.

Со користењето на содржините на istrazijamakedonija.com.mk, вие се согласувате нашето уредништво да ги контролира содржините што ќе ги испратите, објавите, поставите или разменувате и ќе утврди дали се во согласност со правилата и прописите што се применуваат. Сепак, пред објавувањето, ние не ja прегледуваме или обработуваме содржината на корисникот. Со оглед на тоа дека нашиот надзор не е системски, ние не гарантираме дека содржините што ќе се појават на веб-страницата ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА, а објавени од корисниците ќе бидат вистинити, односно дозволени согласно со условите на користење или на располагање, ниту пак гарантираме за потеклото на таквите содржини.

Во случај на објавување содржини што го прекршуваат основниот концепт и смислата на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА и кои со тоа предизвикуваат или би можеле да предизвикаат какви било проблеми или конфликтни ситуации, без оглед на тоа дали се работи за содржини дозволени со Условите за користење или не, го задржуваме правото да ги отстраниме без објаснување –во зависност од нашата процена на ситуацијата. Со овој третман се стремиме да ги заштитиме сите корисници кои добронамерно ја посетуваат страницата поради истражување на Македонија, збогатување на информациите што страницата ги нуди - храна, готвење, забава, пријателство и дружење, но и за заштита на редакцијата од непредвидени, несоодветни, можеби дури и злонамерни активности на оние корисници кои се регистрирале со погрешни намери.

Ве повикуваме да не контактирате доколку при користење на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА забележите содржини што се во спротивност со овие услови за користење. На секоја содржина се наоѓа линк со кој може директно да ja контактирате Редакцијата и да пријавите секој таков случај или, пак, може да ни пратите е-пошта на urednik@istrazijamakedonija.com.mk

Доколку утврдиме дека материјалот што корисникот го доставил, објавил или поставил e во судир со условите за користење и прописите што се применуваат, редакцијата го задржува правото да ја одбие објавата, да ја измени или да отстрани таков материјал без претходна согласност или известување. Исто така, во зависност од сериозноста и зачестеноста на повредите, ние го задржуваме правото на раскинување на сметката на регистрираниот корисник како последно средство, ако тоа го сметаме за потребно. Не одговараме за каква било штета, директна или индиректна, која би била предизвикана од таквата постапка на кој било корисник или трето лице. Без оглед на фактот дека имаме право да ја следиме содржина, вие сте целосно и исклучително одговорни за содржините што ќе ги објавите, вчитувате или разменувате на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА. Со користење на содржината на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА вие се согласувате, до највисоката мерка што е дозволена со важечките правни прописи, АКВАРИУС дизајн да не презема никаква одговорност за каква било постапка, пропуст при објавување, поставување или споделување на такви содржини, ниту нивните можни последици, како ни одговорност за штета причинета на други корисници или трети лица поради објавувањето на таквите содржини.
Во случај на непочитување на одредбите за содржините и активностите од Условите за користење, сите корисници и трети лица ќе ги трпат соодветните законски последици, односно ќе одговараат за која било штета што со недозволените постапки или објави, односно поставување на забранети содржини, ќе ни биде предизвикана нам, на останатите корисници или на трети лица.

СОДРЖИНИТЕ НА ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА

На страниците на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА ви e овозможено да користите разни содржини и функции. Содржините ги создаваме ние, нашите соработници и партнери, но и вие, корисниците.

Страницата „Истражи ја Македонија“ е во изработка и би требало да биде целосно завршена и во функција до 2014 година. До тогаш на располагање ви се опциите за коментари. Останатите интерактивни опции ќе бидат во функција по нејзиното целосно завршување.

Ние ќе вложиме разумен напор ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА и сите негови содржини и функции да ви бидат достапни во секое време, во согласност со овие услови за користење.

Интерактивни содржини и функции.

На интернет-страницата istrazijamakedonija се наоѓаат разни содржини и функции, од кои многу се интерактивни. Ние ви нудиме можност да испратите (upload) свои коментари, стории, рецепти, слики и статии, употребата на функцијата означување / категоризирање на содржината на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА (tagging), учество во форуми, групи и настани, коментирање на содржина итн. За користење на повеќето интерактивни содржини потребно е да станете наш регистриран корисник (регистрација).
Објавувањето на вашите содржини на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА не значи дека тие ги претставуваат нашите ставови, мислења или препораки, ниту дека ние се согласуваме со нив или дека ги поддржуваме на кој било начин.

Содржината на нашите партнери и на трети страни.

Нашиот Уредувачкиот одбор го задржува правото да следи дали содржината на нашите партнери е во согласност со важечките прописи во Македонија. Но ние не ја гарантира веродостојноста на туѓите содржини, достапноста или потекло на таквите содржини.
Објавувањето содржини од нашите партнери во ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА не значи дека тие претставуваат наши ставови, мислења или препораки, или дека ние се согласуваме со нив или дека ги поддржуваме на кој било начин.

До максимално дозволен степен согласно Законот, ја отфрламе секоја одговорност за штета причинета врз други корисници и трети лица во врска со користење или потпирајќи се на некој од нашите партнери за содржини, како и производи или услуги од нашите партнери. Ако имате какви било прашања или прашања во врска со содржината на нашите партнери, ве молиме, контактирајте го нашиот персонал на e-mail адреса urednik@istrazijamakedonija.com.

РЕГИСТРАЦИЈА

За да се регистрирате на нашиот сајт треба да бидете полнолетна и законски компетентна личност. Регистрацијата е можна само доколку претходно ги прифатите овие услови и ни овозможите вашите лични податоци дадени при регистрацијата да ги обработиме и користиме согласно со нашата ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ПРИВАТНОСТ. При регистрација должни сте да дадете точни и вистинити информации. Не се дозволува употреба на корисничко име кое е несоодветно, навредливо или вулгарно. Го задржуваме правото да ги избришеме таквите кориснички имиња без претходна најава.

По извршената регистрација добивате сопствена корисничка сметка.
Сите податоци за вашата сметка, особено избраната лозинка, мора да се третираат и да се чуваат како доверливи информации. Не прифаќаме никаква одговорност за направена штета кон вас, кон други корисници или трети лица, предизвикана од употреба на сметка без дозвола, или други злоупотреби на информации извадени од вашиот профил. Доколку забележите неовластена употреба на вашиот профил и негова злоупотреба, ве молиме, веднаш известете го нашиот уредувачки одбор на urednik@istrazijamakedonija.com.mk.
Корисничката сметка може во секое време да ја избришете со користењето на опциите во вашите поставки на вашата корисничка сметка.
Со завршувањето на регистрацијата не престанува вашата одговорност за можните повреди или штети што сте ги направиле за време на вашата регистрација.

ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

На страниците на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА се појавуваат материјали чии содржини се заштитени со авторски права (на пример: текстови, фотографии, скици и сл.) и други права на интелектуална сопственост (логотипи, заштитни знаци и сл.). Секој корисник на веб-страницата на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА има сопствена одговорност за почитување на туѓото авторско право и другите права на интелектуална сопственост кои се однесуваат на содржините достапни на веб-страницата ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА. Искрено ве замолуваме, добро да се запознаете со содржините на овој дел, за во целост да ги почитувате туѓите права на интелектуална сопственост. Во случај на двосмисленост или одредени неразбирања, ве молиме, контактирајте го уредничкиот одбор на urednik@istrazijamakedonija.com.mk.

Општи правила. Содржините заштитени со авторски права, како корисник може да ги користите само за лична, некомерцијална употреба.

НЕ ДОЗВОЛУВАМЕ:

  1. Користење на содржините што се наоѓаат на веб-страницата ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА во комерцијални цели. Тоа вклучува преземање, репродуцирање, изнајмување, дистрибуирање или објавување во јавност без претходна писмена согласност на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА.

  2. Содржините што се наоѓаат на веб-страницата ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА да се користат за промоции, односно рекламирање на каков било производ или услуга, без претходно писмено одобрение од ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА.

  3. Измена, превод, адаптација или каква било преработка на содржините во комерцијални цели, без претходно писмено одобрување од ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА.

Се обврзуваме без одлагање да испитаме секоја пријава што е поврзана со повреда на некоја содржина, особено доколку со неа е побарано отстранување на содржина од одредена страница. Во тој случај од корисникот очекуваме максимална соработка при утврдување на фактите. Доколку утврдиме дека пријавената постапка е спротивна од одредбите за користење, таквата содржина ќе ја отстраниме од веб-страницата ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА, без претходно известување на корисникот, а во зависност од случајот, ќе ја разгледаме и можноста за укинување на корисничката сметка.

Со користењето на веб-страницата ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА, вие сте свесни дека насловите, сликите, текстовите, логоата, графичките прикази и другите содржини се заштитени со различните права на интелектуална сопственост, чии носители се ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА или трети лица. Без оглед на вашето користење на веб-страницата ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА, како регистриран или како нерегистриран корисник, вие не го стекнувате правото на користење (лиценца) на кое било авторско дело, чиј носител е ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА или трето лице. Тоа се однесува на секое авторско дело што се наоѓа на веб-страницата ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА, освен доколку на одделно авторско дело не е поинаку наведено нешто друго.

Вашата содржината на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА.

Ако се регистрирате како корисник на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА, имате можност да објавувате, внесувате (upload) и разменувате свои содржини како што се текстови, фотографии, видео и слично. Свесни сте дека тие материјали ќе ни бидат достапни и нам, на други корисници и на трети лица.
Во моментот на предавање, вчитување или разменување на такви содржини, секој корисник во корист на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА, обезбедува бесплатно, неисклучиво, просторно, содржинско и неограничено право на искористување на таа содржина и материјали. Врз основа на тоа, според важечките македонски прописи, ние ќе бидеме овластени да ги извршуваме имотните права во однос на тие содржини и материјали, вклучувајќи и објавување на материјалите во информациите за новините (e-newsletter) на веб-страницата на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА, како и користење и дистрибуција на материјали за промотивни цели, без оглед на медиумите до други корисници, партнери и трети лица, репродукција, модификација, дисплеј, во целина или во делови, без потреба за дополнителни дозвола.

Вие имате право во содржините што ги објавувате или внесувате на веб-страницата ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА, да го ставите вашето име и презиме како автор на материјалот. При објавувањето имате право да одберете дали со содржината ќе се појави вашата корисничка сметка или вашето име и презиме.

Ваша гаранција.

Кога објавувате или внесувате содржини на веб-сајтот ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА, вие ни ги давате следниве гаранции во поглед на содржините што ги испраќате, објавувате или внесувате на веб-страницата ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА:

  1. Дека сте автор на тие содржини, односно носител на авторското право и/ или на други права од интелектуалната сопственост и дека сте овластени да засновате во корист на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА соодветни права во согласност со наведените услови на користење.

  2. Дека материјалите се ваши или сте ги стекнале согласно закон,

  3. Дека користењето на тие содржини нема да ни причини штета, материјална или нематеријална, нам, на други корисници или на трети лица.

  4. Дека појавата на содржини заштитени со авторски права или други права на интелектуална сопственост во каква било форма не е кршење на правата на трети лица, вклучувајќи особено авторски и други права на интелектуална сопственост,
    углед, чест и достоинство, правото на приватност и други права на приватност на трети лица.

  5. Дека објавените содржини според вашето знаење се вистинити и точни.

Со ова се согласувате сите евентуални побарувања за надомест на штета, кои ќе бидат доставени до ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА, а заради ваша повреда на горенаведените гаранции, да ги преземете на себе, односно на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА и на други оштетени страни да им ги надоместите сите трошоци настанати поради прекршување на гаранциите.

Ограничување на одговорноста за штета

Содржините што корисниците непосредно ќе ги испратат, објават или внесат на веб страницата ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА, во било кој обли се земаат исклучиво "онакви какви што се", односно ,,како што се достапни", па затоа не се сметаме за одговорни за можните последици, вклучувајќи било каква штета што може да им биде предизвикана на останатите корисници или трети лица, а која може да биде предизвикана од различните толкувања на содржините што се наоѓаат на страниците на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА.
И покрај разумно вложените напори, не гарантираме дека на веб страната ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА, сите нејзини содржини секогаш ќе бидат достапни , односно дека можат да се појават одредени грешки и и системски проблеми кои би можеле да предизвикаат штета на останатите корисници или трети лица ( на пр.-вируси, црви и сл.)

До најголема допуштена мерка согласно важечките правила и прописи, ја исклучуваме одговорноста:

  1. за било каква штета настаната врз корисниците или врз трети лица заради објавување на забранети содржини спротивно условите за користење од страна на корисниците на веб страницата ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА,

  2. за било каква штета која корисниците или трети лица би можеле да ја претрпат при користењето на ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА, особено во случаи на злоупотреба, уништување или оштетување на содржините или функциите, злоупотреба на корисничката сметка и слично,

  3. за штета предизвикана на корисниците или трети лица, поради повреда на нивното авторско право или друго право на интелектуална сопственост, од страна на други корисници на веб страницата ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА.

  4. за било каква штета настаната врз корисниците или врз трети лица, заради привремена недостапност на веб страницата ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА,, односно оделни содржини или функции.

  5. за било каква штета настаната врз корисниците или врз трети лица, заради измена или укинување на оделни содржини, функции, услуги, дизајн, концепција, кориснички сметки или целата веб страница ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА

  6. за било каква штета настаната врз корисниците или врз трети лица, поврзана со користењето на интернет страници на трети лица , на кои им е овозможено објавување по пат на линк на веб страницата ИСТРАЖИ ЈА МАКЕДОНИЈА.