Ширден – ароми на Ориентот

Кој дошол во Прилеп а не пробал Ширден – исто како да не бил во Прилеп.
Овој традицонален македонски рецепт е наследство од ориенталната кујна и никого не го остава рамнодушен... За помалку упатените Ширденот е внатрешна обвивка на желудникот на јагне.

Подготовка Средно тешко 120 мин. 4 лица

  1. Ширденот темелно се чисти, струга и таков е подготвен за полнење.
     
  2. Месото се сецка на мали коцкички и се мие со вода. Во тенџере се става масло, се додава месото и се пржи околу 30 мин. Пред крај на пржењето се додава ситно сечканиот кромид, по што сѐ се пропржува уште 5 мин. Потоа се додаваат ситно исечканите суви пиперки, ситно исечканиот лук, солта, биберот, црвениот пипер и пименто. Тенџерето се трга од оган и се додава измиениот ориз.
     
  3. Во секој ширден ставете по два грста од смесата и малку течност од онаа што ја пушти месото при динстањето.
     
  4. Ширденот затворете го со чачкалица. Наредете ги ширдените во земјена тава, налејте пиво и вода до половина. Ставете малку црвен пипер, прелијте со масло, и избоцкајте ги ширдените со чачкалица за да не испукаат при печење.
     
  5. Печете ги ширдените во рерна на температура од 180C, околу 90 мин. Кога ќе добијат убава црвена боја, превртете ги, и почекајте ги да се вцрвенат и од оваа страна. Ако е потребно, покријте ги со хартија за печење за да не изгорат одозгора.

Сервирање 

Се служи богато прелиено со сосот од печењето, со „СВИЛЕНА ТУРШИЈА“ и црвено вино.


Потребни состојки:

1 кг јагнешко месо
(може да се додадат
и јагнешки изнутрици)

1 главица кромид

3 чешниња лук

4-5 суви пиперки

½ лажица црвен пипер

зачини: сол, бибер, пименто (бахари)


150 гр ориз

150 гр маслиново масло

250 мл вода

100 мл Пиво